Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) соопшти дека Тадиќ се извинил на селекторот Драган Стојковиќ и на своите соиграчи. Капитенот Душан Тадиќ во изјава за РТС веднаш по натпреварот со Англија во Гелзенкирхен изјави дека му е жал што не започнал од првата минута и дека смета дека е најдобриот играч на Србија.
Во соопштението на ФСС се вели:
„Во хотелот ‘Максимилијан’ во Аугсбург, каде што престојува репрезентацијата на Србија за време на Европското првенство во Германија, се одржа состанок на стручниот штаб на „А” тимот, предводен од селекторот Драган Стојковиќ, и на репрезентативците на Србија.
Се разговараше за претстојните обврски, а меѓу другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ ја искористи можноста заради непромислените изјави по натпреварот со Англија да му се извини на селекторот Стојковиќ и на своите соиграчи.
Репрезентацијата на Србија според планот и програмата продолжува со подготовките за вториот натпревар на Европското првенство. Утре околу пладне заминува за Минхен, каде што се предвидени медиумски активности, како и официјален тренинг.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













