Connect with us

Клемен Турпан ќе го суди првиот меч на ЕВРО 2024 меѓу Германија и Шкотска

Французинот Клемен Турпaн ќе го суди првиот меч, на отворањето на ЕВРО 2024 в петок меѓу домаќинот Германија и Шкотска, објави УЕФА.

Судискиот тим ќе биде речиси целосно француски, помошниците, ВАР судиите и четвртиот судија ќе бидат сонародници на 42-годишниот главен судија. Единствен исклучок е Италијанецот Масимилијано Ирати, кој е еден од помошниците во ВАР собата.

Турпан му носи среќа на Бундес-тимот, со три победи и едно реми на четирите натпревари на кои им ја делел правдата.

Турпан е еден од најдобрите судии на Стариот континент, а нему му беше доверено првото полуфинале од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, кое заврши 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови