Пари Сен Жермен е во потрага по напаѓач по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а од утрово медиумите повторно гласно шпекулираат дека нашле таков играч во Наполи и дека францускиот првак ќе направи сѐ што е потребно за да го донесе во Париз.
Не се работи за Квича Кварацкелија, кој се поврза исто така со „светците“, туку за Виктор Осимен. Оваа информација ја пренесе „Ил Матино“.
Парижаните наводно тргнале во акција, директно во преговорите бил вклучен и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, што значи дека работата не е далеку од реализација.
Нигериецот оваа сезона неколкупати изјави дека е подготвен да ја напушти Италија, а во неговиот договор има откупна клаузула од 130.000.000 евра, која ПСЖ се чини дека е подготвен да ја плати.
Доколку Осимен замине, Наполи и неговиот нов тренер Антонио Конте ќе тргнат по Ромелу Лукаку, кого Челси сака да го продаде за 42.000.000 евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













