Атлетико Мадрид бара да потпише нов централен напаѓач за следната сезона, а Хулијан Алварез од Манчестер Сити е нивната главна трансферна цел на таа позиција, тврди „Марка“.
На „Метрополитано“ се целосно свесни дека ќе биде многу тешко да ги убедат „граѓаните“ да го продадат 24-годишниот играч чиј договор е до летото 2028 година, но ако постои и најмала можност да го привлечат ќе се обидат да го направат тоа.
Атлетико Мадрид се надева дека ќе може да го убеди Хулијан Алварез да им се придружи со ветување за поважна улога во нивниот тим отколку што има во Сити.
Официјалните преговори меѓу двата клуба сѐ уште не се започнати, но аргентинскиот интернационалец веќе знае за интересот за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













