Голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел, изрази големо разочарување поради загубеното финале во Лигата на шампионите (0-2) против Реал Мадрид.
Тој истакна дека неговите соиграчи морале да покажат подобра ефикасност пред противничкиот гол.
„Во моментов сме многу разочарани и нормално е после еден ваков натпревар кога ги имавме сите тие шанси. Против Реал Мадрид никогаш не добивате толку многу можности и знаете дека овој противник е секогаш опасен. Имавме свои шанси и требаше да ги искористиме максимално. Огромен успех е што воопшто бевме тука, во финалето на „Вембли“ и го игравме овој голем натпревар. Максимално сум горд на овој тим и покажавме дека можеме да играме на врвно ниво на меѓународен план“, изјави Грегор Кобел по загубеното финале.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













