Каталонскиот гигант Барселона е во сериозни финансиски проблеми, а откако тоа јавно го соопшти Чави Хернандез доби отказ. Но, вистината не може да се сокрие.
Ситуацијата оди дотаму што, според тврдењата на „Марка“, Барселона нема простор во буџетот да го пријави новиот тренер Ханси Флик и неговиот стручен штаб.
Интересно е што дури и Чави и претходниот стручен штаб беа пријавени само за веќе завршената сезона, а сето тоа поради финансиските проблеми што ги има Барселона.
Сите очекуваат трофеи од Флик во Барселона, но секако тоа нема да биде лесна задача со оглед на целата ситуација во каталонскиот клуб, а уште повеќе и затоа што Реал Мадрид изгледа моќно, а со Мбапе ќе изгледа уште помоќно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













