
Најтрофејниот македонски клуб Вардар и следната сезона ќе биде дел од елитата откако го доби бараж дуелот против Детонит Плачковица за пополнување на Првата фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа со 2-0 во дуелот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Со тоа мисијата на тренерот Горазд Михајлов и на фудбалерите на Вардар за оваа сезона е комплетирана.


Тимот имаше огромна поддршка од преку 3.000 „Комити“ кои пристигнаа во Струмица да го бодрат својот сакан тим.
Вардарци беа поквалитетен ривал на денешната пресметка. Детонит Плачковица покажа желба, меѓутоа, сепак, немаше доволно сила и квалитет да се наметне во битката со составот на Вардар.
Првиот гол дојде во 42.минута, а то постигна дефнзивецот Дејан Ѓуриќ. Тој одлично реагираше на одбиената топка во шеснаесетникот и со удар од непосредна близина го совлада Димитар Ѓорѓиев.

Само три минути подоцна, во 45.минута, Лука Сушњара изведе фантастичен потег по десната страна, шутираше откосо и ја закова топката под гредата.
Вардарци откако обезбедија водство од 2-0, го смирија интензитетот во вториот дел, а Детонит Плачковица сепак не успеа да се закани. Иван Настевски имаше обид од 20 метри, но не беше прецизен, а потоа и Тони Мичковски не реагираше најдобро во шеснаесетникот на скопскиот тим.
Вардар и следната сезона ќе биде прволигаш, а со овој бараж дуел и дефинитивно заврши сезоната 2023/24 во македонскиот фудбалски шампионат.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
