Победа Прилеп останува второлигаш, а во оваа конкуренција се враќаат и Борец и Вардарски. Овие три екипи излегоа како победници во денешните баражи за пополнување на Втората лига.
Победа Прилеп на стадионот во Ѓорче Петров го победи Куманово со 2-1. Составот на Јане Николоски на крајот успеа да ја исполни мисијата и останува во втората по ранг конкуренција на македонскиот фудбал. Дебрешлиоски и Шаркоски донесоа водство од 2-0 за Победа, а конечниот резултат го постави Дарио Десниќ.
Борец на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола славеше против Велазерими со 3-2. Беше тоа возбудлив натпревар со многу голоби, а тимот од Кичево во финишот пропушти две одлични шанси за израмнување.
Богданци се враќа на второлигашката мапа, откако Вардарски на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го победи Кораб со 3-2. Адам Стојанов беше двоен стрелец за Вардарски, а погоди и Славе Танов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski