
На новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, му се допаѓаат квалитетите на Дани Олмо и даде зелено светло да го донесе на „Енфилд“. Поради оваа причина, англиските сопственици веќе почнаа да работат на овој трансфер.
Во договорот на играчот има откупна клаузула вредна околу 60 милиони евра и не би било никаков проблем за Ливерпул да ја плати таа сума, додека тоа не е случај и за Каталонците кои имаат сериозни финансиски проблеми и не можат да си дозволат толку големи трошоци во моментот.
Токму поради тоа се верува дека Дани Олмо е многу поверојатно да оди на „Енфилд“ отколку на „Камп Ноу“.
Во трка за Дани Олмо се наоѓа и Баерн Минхен, кој допрва треба да ја решава ситуацијата со ангажман на нов тренер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
