
Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ги води фудбалерите на Барселона, сепак, легендата на клубот доби отказ. Чави е поранешен, а нов тренер на Барселона ќе биде Германецот Ханси Флик. Чави ја презеде клупата на Барселона во ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците на 141 натпревар. Оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази.
Минатата сезона ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ.
Кобни за него беа критиките ги искажа кон администрацијата, односно неговите коментари за финансиската состојба во која се наоѓа клубот.
„Навивачите мора да разберат дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Тоа повеќе не е така, но мораме да го засилиме тимот ако не сакаме сѐ да остане како што е. Мислам дека навивачите на Барселона мора да сфатат дека ситуацијата е многу тешка, особено во економска смисла. Тоа не значи дека нема да се бориме, но ситуацијата е таква што ни треба стабилност и време“, изјави Чави.
Тие зборови го чинеа отказ, а дека тој е поранешен потврди и претседател на клубот Жоан Лапорта.
Местото каде Чави ја дозна својата судбина е болницата. Имено, тој отишол да го посети Жоан Лапорта кој се опоравува од пневмонија и покрај неговиот кревет дознал дека е време за збогум.
„Да се водам од емоциите, би сакал да продолжиш како тренер. Сепак, разумно е да не продолжиш“, му рекол Лапорта на Чави тој ден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
