Connect with us

Лаутаро Мартинез е играч на сезоната во Серија А

Капитенот на Интер и водечки стрелец во Серија А, Лаутаро Мартинез, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во сезоната во Серија А.

Аргентинскиот репрезентативец има постигнато 24 гола за Интер во сезоната 2023/24, осум повеќе од Душан Влаховиќ од Јувентус, кој е втор на листата.

Влаховиќ беше прогласен за најдобар напаѓач во лигата, додека Микеле Ди Грегорио од Монца беше прогласен за најдобар голман.

Соиграчите на Мартинез од Интер, Алесандро Бастони и Хакан Чалханоглу беа прогласени за најдобар дефанзивец, односно најдобар играч од средниот ред.

Лаутаро Мартинез ќе ја добие наградата в недела пред Интер да ја заврши сезоната во Серија А на гостувањето кај Верона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови