Голманот на Милан и репрезентативец на Франција, Мајк Мењан, има нова повреда која може да го загрози неговото учество на Европското првенство. Според „Л’Екип“, голманот заработил повреда на прстот на тренингот утринава и сигурно ќе го пропушти последниот натпревар на „росонерите“ во сезоната, во очекување на дополнителни прегледи за да се процени тежината на повредата.
Смирувачко е што според првичната проценка не се работи за скршеница на прстот.
Мењан нема играно од крајот на април поради повреда на мускулот. Неговото место на голот на Милан го зазеде Марко Спортиело, кој ќе стартува и на домашниот меч против Салернитана во последното коло од Серија А.
Мајк Мењан е суштински дел од плановите на Дидие Дешамп за ЕВРО 2024, па доколку неговата повреда се покаже како посериозна, тоа ќе биде голем удар за „петлите“. Останатите голмани кои се повикани засега се Алфонс Ареола и Брис Самба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













