Вест Хем го назначи Хулен Лопетеги за нов менаџер, објави англискиот клуб.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на шпанската репрезентација го наследува Дејвид Мојс, кој ги водеше лондончани во изминатите пет сезони.
„Мојата амбиција е секогаш да се подобрувам и да ги постигнуваме нашите високи цели. Сакам да инспирирам храброст и доверба кај играчите и целиот тим. Мораме да им бидеме сериозна конкуренција на другите, бидејќи тоа е основата на фудбалот“, рече 57 -годишниот Лопетеги, цитиран од официјалниот сајт на Вест Хем.
Во 2022 и 2023 година Шпанецот го предводеше Вулверхемптон и има сериозно искуство во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













