Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен, Хари Кејн (30), мака мачи со повреда на грбот во пресрет на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија. Кејн ќе го пропушти последниот натпревар на Баерн во Бундес – лигата против Хофенхајм поради проблем со грбот.
Кејн имаше проблеми со грбот и во пресрет на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид минатата недела, но го одигра и со болки.
„Пробавме со ијнекции и со терапии, но грбот му беше згрчен. Се влоши и тоа го чувствуваше во секојдневните движења. Немаше шанси воопшто да тренира“, изјави тренерот на Баерн, Томас Тухел.
„Хари се лекува со неговиот личен лекар. Тој не може да патува со нас во Хофенхајм. Веќе беше сомнително во Мадрид, како што можевте да забележите“, додаде тој.
На ЕВРО 2024, Англија ќе игра во група со Словенија, Данска и со Србија. Селекторот Герет Саутгејт во вторник ќе го објави прелиминарниот состав за турнирот.
Кејн постигна 44 гола во сите натпреварувања во неговата прва сезона во германскиот клуб, вклучувајќи четири хет-трика во Бундес – лигата. Кејн со 62 гола е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













