Connect with us

Кинеските сопственици се во цајтнот да го загубат Интер

Сопственикот на Интер, кинескиот конзорциум „Сунинг“ (Suning), е на пат да го загуби клубот, пишуваат медиумите во Италија. Компанијата сè уште не може да се договори со „PIMCO“ за заем од 395 милиони евра на „Oaktree“. Доколку тоа не се случи до понеделник, тогаш Стивен Жанг и Кинезите ќе ја загубат контролата над италијанскиот шампион.

Во исто време, американскиот фонд „Oaktree“ веќе е подготвен да го преземе управувањето со „нероаѕурите“, пишуваат „Газета дело спорт“ и „Тутоспорт“. Според некои извори, преговорите меѓу „Suning“ и „PIMCO“ се прекинати и нема да продолжат.

Во 2021 година, кинеските сопственици на Интер склучија договор со „Oaktree“ за рефинансирање за 275 милиони евра во 2021 година, тој беше обезбеден со уделот на „Suning“ во Интер, но оваа сума плус 12 отсто камата ја доведе вкупната бројка на 395 милиони евра, а датумот на доспевање на 20 мај.

Ако „Suning“ не може да ги отплати сите 395 милиони евра до понеделник или договори различни услови, тогаш „Oaktree“ ќе може ефективно да го врати Интер како средство за покривање на неисплатениот заем.

„Фајненшл тајмс“ додава дека „Oaktree“ нема намера да инвестира во Интер, туку ќе бара купувач за клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови