Connect with us

Ужасни вести: Кариерата на Серхио Агуеро доведена во прашање?

Аргентинскиот ас Серхио Агуеро можеби и нема да може да ја продолжи фудбалската кариера. Ова откако ги мина деталните лекарски прегледи и му беше откриена аномалија на срцето.

Тој на натпреварот со Алавес во неделата се фати за градите и се пожали на тешкотии при дишењето пред крајот на првото полувреме. Потоа итно беше пренесен во болница на детални прегледи, а првично беше објавено дека Агуеро има срцева аритмија.


Тој сигурно нема да игра фудбал во наредните три месеци, но како што открива каталонски „Спорт“, се доведува во прашање и неговата понатамошна кариера.

Агуеро има 33 години и летово пристигна од Манчестер Сити. Тој имаше проблем со повреда на скочниот зглоб и дури неодамна дебитираше за Барселона. Сега се појавија многу поголеми здравствени проблеми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови