Connect with us

Тотенхем го сака Рубен Аморим за менаџер од следната сезона

Фудбалерите на Тотенхем останаа без тренер откако Италијанецот Антонио Конте го напушти клубот. Кон крајот на сезоната во Премиер – лигата заостануваат три бода зад Њукасл кој е на позиција која води во Лигата на шампионите.


Привремено решение за клупата на Тотенхем е Кристијан Стелини, но раководството е во потрага по менаџер кој ќе го преземе тимот следната сезона.

Како што откриваат медиумите на Островот, решението за шеф на струката Тотенхем го гледа во Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг Лисабон.

Тој со „зелено-белите“ од Лисабон освои четири пехари, а во клубот е од летото 2020 година, кога дојде од Брага. Годинава стигнаа до четвртфиналето на Лига Европа каде испаднаа од Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови