Connect with us

Тен Хаг: Пропуштивме огромна шанса за трофеј, но самите сме виновни за тоа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, не го криеше разочарувањето по поразот од Севилја со 0-3 и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ беа посочени како големи фаворити за освојување на ова натпреварување, а Холанѓанецот верува дека неговата екипа пропушти одлична можност да додаде уште еден трофеј на нивниот приказ.


„Јасно е дека не смееме да правиме такви грешки. Не е лесно да се добиваат натпревари, но мораме да играме подобро. Тоа е задолжително. Не бевме присебни, не бевме мирни и требаше да се справиме со притисокот. Имаше огромни простори низ целиот терен, но ние не го искористивме тоа. Беше толку очигледно од самиот почеток како можеме да успееме“, изјави Тен Хаг.

„Имаше лоши одлуки, губевме важни дуели. Севилја имаше повеќе додавања, покажа повеќе желба, повеќе борба, на пример при вториот гол. Тешко е да се добијат големи натпревари со ваква игра. Имаме проблем и ние не смееме да бегаме од тоа. Лошата работа е што в недела имаме уште еден многу важен натпревар. Мораме да се засилиме и да покажеме повеќе карактер“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.

„Не сакам да барам изговори со повредените. Важно е што прават луѓето кои се на теренот. Требаше да се претстават подобро. Им верував. Едноставно не бевме на потребното ниво. Имавме одлична можност, бевме во четвртфиналето во Лига Европа. Можевме да освоиме трофеј, но не ја искористивме таа шанса. Само ние самите треба да се обвинуваме. Тоа беше голема можност, но ја пропуштивме“, истакна Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови