Connect with us

Шкупи на силен тест против Бешикташ во Истанбул

Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Шкупи, денеска напладне ќе има европски тест за своите можности. Шкупи ќе одигра пријателски натпревар со турскиот гигант Бешикташ. Мечот е закажан за 12 часот на стадионот „Водафон парк“ во Истанбул.

Тимот на Гоце Седлоски е неприкосновен лидер во Првата фудбалска лига, а овој меѓународен пријателски натпревар е почеток на подготовките за европските искушенија кои ќе следат следното лето. Иако во некомплетен состав, без младинските репрезентативци, Али Адем, Марко Ѓорѓиевски и Блертон Шеји, како и без повредениот капитен Фатих Исмаили, фудбалерите на Шкупи ќе се потрудат да се претстават во убаво издание на овој пријателски меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови