Connect with us

Реал Мадрид се распрашува за Лаутаро Мартинез

Реал Мадрид ќе се сретне со челниците на Интер околу можноста за ангажман на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез. „Кралевите“ сакаат да имаат и друго решение за напаѓачката позиција доколку на крајот не можат да го обезбедат потписот на Килијан Мбапе.


По заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија, јасно е дека тоа е најслабата точка во тимот на Карло Анчелоти, а Реал Мадрид досега успеа да го доведе само Хоселу од Еспањол.


Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но Анчелоти бара клубот да има и „план Б“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови