Connect with us

Пиоли: Големи се шансите Леао да игра на реваншот со Интер

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, откри дека постои голема можност Рафаел Леао да се опорави за реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Интер. Португалецот заработи повреда на мечот против Лацио минатата сабота и ја пропушти првата средба со „нероаѕурите“, која заврши со победа на Интер со 2-0.


Леао ќе ја пропушти утрешната пресметка против Специја, но надежите на сите во клубот се дека ќе биде подготвен за вторник.


„Имаме некои мали проблеми, како отсуството на Рафа, но има големи шанси тој да тренира во недела и да биде подготвен за вторник“, изјави Пиоли за клупската телевизија.


„Златан и Флоренци се во аут, а Круниќ и Месијас исто така нема да бидат достапни“, додаде тренерот на Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови