Connect with us

Осудија ирански фудбалер на 26 години затвор

Иранскиот фудбалер Амир Наср Азадани утрово е осуден на 26 години затвор за наводно убиство на тројца припадници на безбедносните сили на земјата и уште две други злосторства извршени за време на протестите што ја потресоа персиската држава во септември минатата година.


Тројца други вмешани во предметните убиства во градот Исфахан се осудени на смрт, а трет на две години затвор, пренесе агенцијата Мизам.


Случајот на Азадани предизвика бурни коментари кога Здружението на фудбалери и многу медиуми ширум светот објавија дека тој е осуден на смрт.


Фудбалерот има играно за неколку клубови во Иран, правејќи име за време на неговиот престој во Трактор Сази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови