Connect with us

Најголемото промашување на Арсенал стана ново засилување на Трабзонспор

Арсенал го продаде крилниот напаѓач Николас Пепе на Трабзонспор. 28-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи на турскиот клуб за трансфер од околу 3 милиони фунти, потпишувајќи краткорочен договор до летото 2024 година.


Во 2019 година Арсенал го купи Николас Пепе од Лил за тогаш рекордни 80 милиони евра, но тој не ги оправда големите очекувања. Долго време беше најскапото купување во историјата на лондончани, а дури ова лето трансферот на Деклан Рајс го подобри овој рекорд.

За „топчиите“, Пепе одигра 112 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 27 гола и забележа 21 асистенција, но по доаѓањето на Микел Артета, играчот се покажа како вишок.

Минатата сезона фудбалерот беше позајмен во Ница, каде на 28 натпревари постигна 8 голови.

Николас Пепе беше пред трансфер во друг турски клуб, Бешикташ, но на крајот Арсенал и „орлите“ не се договорија.

„Дојдов овде да станам шампион и да постигнам успех“, изјави фудбалерот на социјалните мрежи на Трабзонспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови