Connect with us

Милан заинтересиран за двајца фудбалери на Барселона

Милан планира да доведе неколку засилувања на тимот кој ќе цели високо во тековната сезона. Техничкиот директор на “росонерите”, Паоло Малдини и спортскиот директор, Фредерик Масара, првенствено сакаат да го подобрат дефанзивниот оддел, па размислуваат за доведување на францускиот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити.

Централниот бек се смета за вишок во составот на Роналд Куман, а се чини дека клубот е подготвен дури и да го раскине договорот со фудбалерот и да го пушти да си замине од „Камп Ноу“ бесплатно, како што објави шпанскиот весник „Диарио гол“.

Милан, исто така, се верува дека е заинтересиран за напаѓачот на младинците на Барселона, Алекс Коладо. Според “Мундо Депортиво”, Коладо бил убеден дека ќе се пресели во англискиот Шефилд Јунајтед во текот на летото, но сепак, договорот пропаднал.

Коладо не наоѓа простор во првиот тим како другите младинци, односно Ансу Фати и Гави, и затоа размислува за промена на клубот. 22-годишникот одлично се покажува во Младинската лига на шампиони оваа сезона, и поради тоа, се залага за негова продажба во јануари, а Милан е клубот што моментално, покажува најголем интерес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови