Connect with us

Манчестер Јунајтед тргнува по Кристијан Ериксен

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен има понуда од Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот. Тој е желба на новиот менаџер Ерик тен Хаг кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ како слободен агент.


Тен Хаг лично му дозволи на Данецот да се подготвува со тимот на Ајакс по неговата рехабилитација и беше импресиониран од неговиот професионализам и квалитетите. Сега би сакал да го има Ериксен на местото на Пол Погба во средниот ред на Јунајтед.


Данецот има понуда и да остане во Брентфорд, тимот за кој одигра 11 натпревари минатата сезона во Премиер – лигата, а постигна еден гол и забележа три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови