Connect with us

Ливерпул не успеа да слави против Кристал Палас (ВИДЕО)

Ливерпул е сѐ подалеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Тимот на Јирген Клоп беше подобар ривал, но, сепак, не го материјализира тоа на дуелот против Кристал Палас (0-0) кој заврши без голови.

На крајот „црвените“ освоија само еден бод, иако Жота и Салах погодија во гредата, односно во дирекот.

Кристал Палас исто така беше блиску до погодок, кога напаѓачот Матета ја погоди гредата од голот на Ливерпул.

Ливерпул се наоѓа на седмата позиција на табелата со 36 бода, шест помалку од четвртопласираниот Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови