Connect with us

Ливерпул го „мерка“ Доминик Шобошлаи

Ливерпул ја разгледува можноста да го ангажира офанзивниот играч за врска на Лајпциг, Доминик Шобошлаи. Претставниците на играчот се сретнале со „црвените“ оваа недела и разговарале за можен трансфер.


Во договорот на Шобошлаи има ослободителна клаузула вредна 70 милиони евра, но таа важи до крајот на месецот.

Ливерпул има одлични односи со германскиот клуб, а следен трансфер меѓу двата клуба ќе биде Фабио Карвалјо. 20-годишниот Португалец оди во Лајпциг на едногодишна позајмица. Договорот е многу блиску до финализирање и нема да има откупна клаузула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови