Connect with us

Крис Смолинг останува во Рома до 2025 година

Крис Смолинг потпиша нов двегодишен договор со Рома до 2025 година, пренесуваат италијанските медиуми. Централниот дефанзивец пристигнa од Манчестер Јунајтед во летото 2019 година, првично на позајмица, а една година подоцна беше откупен од италијанскиот клуб.


Смолинг ги пропушти последните пет натпревари на Рома поради повреда, но Жозе Мурињо се надева дека ќе се врати за реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Баер Леверкузен.


Вчера римјаните победија со 1-0 на „Олимпико“ во првиот натпревар.


Смолинг ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона во следните две години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови