Јувентус и официјално го објави новиот договор на својот играч за врска, Николо Фаџоли. Клубот го продолжи договорот на играчот за две години, до летото 2028 година со зголемена плата од 1,5 милиони евра по сезона.
„Старата дама“ реши да му даде доверба на 22-годишниот играч од средниот ред со оваа зделка, иако има забрана за учество на натпревари до мај 2024 година поради нелегално обложување.
Фаџоли е тинејџер на торинскиот гигант, а досега одигра 45 натпревари, со три гола и шест асистенции за првиот тим на клубот.
Минатата година и на Мануел Локатели му беше продолжен договорот со Јувентус до 2028 година.
✍️ 𝗙𝗔𝗚𝗜𝗢𝗟𝗜 2️⃣0️⃣2️⃣8️⃣
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) November 14, 2023
Nicolò extends his stay at Juve! ⚪⚫
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski