Connect with us

Интер Мајами му нуди дел од акциите на клубот на Лео Меси

Интер Мајами, клубот од МЛС лигата на САД кој е во сопственост на Дејвид Бекам би можел да му понуди на Лионел Меси акции од клубот за да направи потег да го ангажира, тврди „Кадена СЕР“. Целта на клубот е да потпише со Аргентинецот пред 2025 година, кога свечено ќе биде отворен новиот стадион на „чапјите“.


Поради ограничувањето на платата во МЛС лигата, Интер Мајами, нема да може да му исплати на Меси платата што одговара на неговата заработка во Пари Сен Жермен. Во оваа насока, американскиот клуб размислува да префрли пет отсто од своите акции на Меси.

Договорот на напаѓачот со ПСЖ е до крајот на актуелната сезона. Играчот сѐ уште нема донесено одлука за својата иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови