Connect with us

Германецот Феликс Брих избришан од листата на ФИФА

Легендарниот германски судија Феликс Брих е отстранет од листата на ФИФА. Неговото име не е најде на списокот на лиценцирани меѓународни судии на Германската фудбалска федерација и тоа значи дека ќе остане без значката на ФИФА. Брих е меѓународен судија веќе 14 години, а исто така судеше и финале во Лигата на шампионите во 2017 година.


Три години претходно, тој судеше во финалето на Лига Европа, а 17 години ја дели правдата на натпреварите во Бундес – лигата.

Србите имаа големи поплаки на судењето на Феликс Брих на мечот против Швајцарија на Светското првенство во Русија. Тие тврдеа дека тој отворено ја поддржувал Швајцарија.

Во Германија, тој ќе остане запаметен по голот што го призна, всушност не беше постигнат. Тоа беше на средба меѓу Хофенхајм и Баер Леверкузен. Брих го призна голот на Кислинг, иако топката мина крај дирекот, а потоа заврши во голот преку дупнатата мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови