Connect with us

Габриел Хесус оди во Арсенал за двојно поголема плата од сегашната во Сити

Напаѓачот Габриел Хесус е на чекор до преселба од Манчестер Сити во Арсенал, пренесуваат британските медиуми. Жесус, кој има уште една година од договорот со „граѓаните“, размислува да го напушти клубот откако на „Итихад“ дојдоа напаѓачите Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез.


Медиумите на Островот наведуваат дека Бразилецот ги договорил условите од договорот со „топчиите“, а на стадионот „Емирати“ би заработувал речиси двојно повеќе отколку во Сити.
Неговата сегашна плата е околу 120.000 евра неделно, додека во Арсенал би заработувал околу 200.000 евра.


Габриел Хесус има одлични односи со менаџерот на лондонскиот клуб Микел Артета, кој му беше помошник на Пеп Гвардиола во Сити пред да дојде во Арсенал.


Засега најголем проблем е обештетувањето, бидејќи Сити наводно бара околу 50 милиони евра за напаѓачот кој го доведе во 2017 година од Палмеирас за 32 милиони евра.


Габриел Хесус одигра 236 натпревари за Сити и постигна 95 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови