Сенегалскиот голман Едуард Менди по три години го напушти Челси и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот клуб Ал-Ахли, потврдија денеска двата клуба.
Менди потпиша договор до 2026 година.
31-годишниот голман е во Челси од 2020 година и ја освои Лигата на шампионите со клубот во 2021 година. За Челси одигра 105 натпревари.
Според некои информации, „сините“ од овој трансфер ќе заработат 18.500.000 евра, што е помалку од 24.000.000 што му ги платија на Рен во 2020 година.
Во Саудиска Арабија се преселија и неговите неодамнешни соиграчи од Челси, Н’Голо Канте и Калиду Кулибали, а според медиумите за Хаким Зијеш се заинтересирани неколку клуба од таа земја.
🧤🇸🇳🔒@edou_mendy_ #WelcomeMendy pic.twitter.com/t5vKJ9vNga
— Al-Ahli Saudi Club (@ALAHLI_FCEN) June 28, 2023
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski