Белгискиот Eден Азар е едно од најголемите разочарувања во историјата на Реал Мадрид. Дојде како супер засилување од Челси, а не успеа да покаже ниту дел од своите квалитети на „Сантијаго Бернабеу“.
Азар доби од Карло Анчелоти во Копа Дел Реј против нисколигашот Касерењо, но и против аматерскиот тим не покажа речиси ништо. Јавно видливо е дека не е во најдобра физичка форма.
Повторно се појавија информации дека Еден Азар би можел да си замине, а интерес покажува турскиот гигант Фенербахче каде што настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Турските медиуми објавуваат дека Фенербахче се понудил да исплати повеќе од две третини од платата која ја добива Азар. Тоа секако му одговара на Реал, меѓутоа не е познато дали Азар има желба да игра во Турција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski