Connect with us

Душан Тадиќ нападнат од разбојници во Амстердам

Фудбалер на Ајакс, Душан Тадиќ, на крајот на јули преживеал вистинска драма во Амстердам. Холандскиот медиум „Телеграф“ вчера објави во јавноста дека Тадиќ бил цел на разбојници во близина на неговиот дом кога го паркирал автомобилот ноќта меѓу 27 и 28 јули.


Двајца разбојници се нашле на улицата Ван Егенстраат во инаку мирниот дел од градот, го пресретнале Србин со кациги на главата и се обиделе да му го украдат скапиот часовник.

Тадиќ се обидел да побегне, но не успеал, а на крајот физички се пресметал со нив, дури успеал да се одбрани откако му го отворил визирот на еден од напаѓачите и го удрил во лицето.

Србинот си ја повредил раката, му била искината дел од облеката, но, сепак, успеал да помине без посериозни последици по здравјето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови