Connect with us

Челси сака да го купи и Заниоло

Напаѓачот на Рома, Николо Заниоло, стана една од трансферните цели на Челси, пишува „Ла Република“. „Сините“ бараат нови засилувања во нападот, откако ова лето се разделија со Тимо Вернер и со Ромелу Лукаку. Токму поради оваа причина Томас Тухел се надева дека ќе се засили посериозно во нападот во последните денови од преодниот рок.


Лондончани се многу блиску до договор со Барселона за Пјер-Емерик Обамејанг, а најверојатно потоа ќе се насочат кон Заниоло. Сепак, тој го повреди рамото на натпреварот на Рома против Кремонезе и ќе отсуствува еден месец.

Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, сака да го задржи италијанскиот репрезентативец во својот тим, но трансфер може да се случи бидејќи тој има договор само до крајот на сезоната и засега одбива да го продолжи.

Покрај Челси, интерес за играчот покажуваат Јувентус и Тотенхем. Сите три клуба се очекува да достават конкретни понуди оваа недела бидејќи сакаат да го доведат 23-годишниот играч пред да се затвори преодниот рок – за помалку од две недели.

Раководството на Рома е подготвено да се раздели со напаѓачот за сума од околу 50 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови