Муарем Бајрами и Виктор Ангелов постигнаа два од трите најубави погодоци во вчерашното 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
И двајцата стрелаа во триумфот од 3-0 на Шкупи против Победа, притоа посветувајќи ги головите на свои блиски. Бајрами по евро-голот од слободен удар веднаш се стрча кон трибината во Чаир, за да после натпреварот објасни кон кого била упатена благодарноста за поддршката која неизмерно ја добива.
„Го посветив погодокот на мојот татко кој после 17 години за првпат дојде да ме гледа на еден натпревар. Тоа некако многу ми значеше. Неговата поддршка и низ сите овие изминати години многу ми значела и покрај тоа што не присуствуваше на натпревари. Одигравме добар натпревар исполнувајќи ги ветувањата дека против Победа мора да стигнеме до трите бода“ – истакна Бајрами.
Ангелов, пак, голот му го „подари“ на клупскиот колега Игор Алексовски кој неодамна имаше хируршка интервенција по која шест месеци ќе биде надвор од терените.
„Победата и мојот гол го посветувам на Алексовски. кој прослави и свој роденден на денот на натпреварот. На тој начин сакам да му посакам и што побрзо враќање на терените уште посилен од што беше досега“ – вели Ангелов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski