Connect with us

Анчелоти прецрта две ѕвезди во Реал Мадрид

Герет Бејл и Иско не се наиграа оваа сезона под водство на Карло Анчелоти. Италијанскиот стручњак успешно плови на сите фронтови со Реал Мадрид, формираше победнички тим, а во него нема место за велшкиот крилен напаѓач и за шпанскиот офанзивен играч за врска.


Поради тоа, соработката со овие двајца играчи би можела да биде прекината во јануарскиот преоден рок, пренесува добро информираната „Марка“.

Двајцата имаат договори до крајот на сезоната, но клубот нема намера да ги продолжи договорите. Затоа ќе се обидат да го искористат зимскиот преоден рок за да ги насочат кон други клубови, а можеби и да заработат нешто на отштета.

Капитенот Марсело и оваа сезона не е во преден план, па клубот ќе ја почитува секоја негова одлука, вклучително и евентуалното заминување од „Бернабеу“. Анчелоти смета на Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и на Еден Азар, но е подготвен да преговара со клубови кои би сакале да ангажираат еден од нив во јануари.

Реал Мадрид знаеше да продава играчи на зима, како Одриозола и Одегард, а откако претседател е Флорентино Перез во јануарскиот преоден рок многу ретко се носеле засилувања. Во Реал сметаат дека во моментов нема доволно добри и достапни играчи на пазарот за нив.

Се чини дека Перез е повеќе фокусиран на летниот преоден рок, во кој Реал Мадрид има намера без обештетување да ги доведе напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стоперот на Челси, Антонио Рудигер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови