Connect with us

Зинченко: Мора да ставиме крај на војната во Украина

Украинскиот дефанзивец Олександр Зинченко жали за поразот (0-1) од Велс во последниот натпревар од плеј-офот за Светското првенство и за пропуштената можност да им донесе радост на своите сонародници во Украина која е разурната од војна.


Велс до пласман на Мундијалот стигна со автоголот на Андреј Јармоленко во 34. минута.


„Секој од нас даде се од себе, оставивме се што имавме на теренот. Голманот на Велс Хенеси беше фантастичен, дефинитивно е херој на натпреварот“, истакна Зинченко и додаде:


„Мислам дека не заслуживме да загубиме, но тоа е фудбал, тоа се случува. Фудбалот се карактеризира со емоции. Можеме да предизвикаме прекрасни емоции кај нашите навивачи, но овојпат, за жал, не успеавме да го постигнеме резултатот што го посакувавме. Мора да продолжиме да се бориме, а ние како фудбалери треба да ја претставуваме нашата земја најдобро што можеме“.


Фудбалерот на Манчестер Сити потсети на воените настани во неговата земја и повика на мир.


„Сите треба да живеат во мир и мора конечно да ја завршиме оваа војна. Денес е Украина, а утре којзнае кој друг, мора да останеме обединети. Жал ми е за нашите навивачи, но на Велс му посакувам се најдобро на Светското првенство“, потенцираше Зинченко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови