Connect with us

Втора лига Запад: Дрита го победи Скопје, Гостивар падна во Дебар

Лидерот Скопје загуби по подолг период. Тимот на Љупчо Марковски доживеа пораз (3-2) на гостувањето против Дрита. Домаќините се во незавидна позиција на табелата и бодовите им се многу потребни. Шпенд Асани донесе предност во 18.минута, а потоа Елмир Алији двапати погоди од пенал. Скопје намали со головите на Михајло Јакимоски и Иво Јанакиевски од пенал.

Велешта во ова коло беше слободна, а Гостивар загуби од Кораби со 2-0 на гостувањето во Дебар. Дриљон Колеци и Рихан Зеќири беа стрелци на головите.

Охрид Лихнидос со 2-1 го совлада Велазерими. Бурхан Алији и Роберт Митев беа стрелци за домашниот тим. Тетекс со 1-0 го совлада Кадино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови