Connect with us

Втора лига: Вардар, без пари, и Гостивар, без три бода, одат на нов триумф

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со беспарица подолг период, а фудбалерите имаа и еднодневен предупредувачки штрајк изминатата седмица, во пресрет на денешниот дуел против Детонит Плачковица. Но, амбициите се секако победа и нови три бода во трката за враќање во елитата.


Гостивар е „покус“ за три бода, по одлуката на Дисцилинската комисија на ФФМ, и денеска ќе ја пречека Беса на домашен терен.

Воска Спорт исто така е домаќин, ќе ги одмери силите против Саса. Тоа е третиот клуб кој се наоѓа на врвот со 40 бода, и сигурно ќе се води неизвесна трка за влез во прволигашкото друштво.

Пелистер е веднаш зад нив и делува одлично на стартот на пролетта, а денеска на стадионот „Петар Милошевски“ ќе го нагости Арсими, кој успеа да му одземе бод на Вардар.

Беласица ќе го пречека Караорман, а Кожуф е домаќин на Охрид.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 18.КОЛО (Денеска, 14 часот)

Вардар – Детонит

Пелистер – Арсими

Гостивар – Беса

Воска – Саса

Кожуф – Охрид

Тетекс – Борец

Беласица –Караорман

Слога (В) – Пехчево (Недела, 14 часот)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови