Connect with us

Втора лига Исток: Брегалница сигурна, Тиквеш киксна со Росоман

Брегалница ја зголеми предноста на врвот на табелата во Втората лига Исток откако славеше со 0-2 на гости против Плачковица. Андреј Кудијан во 45.минута од пенал донесе водство за лидерот, а Муарем Муарем во 85.минута го потврди триумфот.

Тиквеш киксна на гости кај Росоман играјќи 1-1. Симеон Христов во 50.минута донесе водство, но Стефан Тодоровски во 90.минута донесе бод за домаќинот.

Кит Го со голот на Мартин Димоски во 82.минута оствари минимален триумф на гости против Осогово. Кожуф со 1-0 ја совлада Каменица Саса. Стрелец беше Андреј Јаневски од пенал во 75.минута. Победа и Слога Виница ремизираа без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови