Connect with us

Тухел: Победивме, но бевме премногу хаотични против Борусија Дортмунд

Германскиот првак Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд со 4-2 во дербито на 26. коло на Бундес-лигата. Тоа беше прв натпревар на 49-годишниот стручњак на клупата на Баерн.


„Ова беше добар прв чекор. Игравме премногу хаотично, сакавме поголема доминација и контрола. Почнавме премногу нервозно. Всушност, целата наша игра беше премногу невешта и премногу ја губевме топката. Имаме уште многу да работиме. Промената на тренерот секогаш носи возбуда, играчите мораат многу да научат. Но, кај нив желбата да се заврши задачата беше стопроцентна. Тоа е најважно. Сега сме на врвот на табелата, што ќе ни даде душевен мир и самодоверба“, изјави Тухел.

Следниот натпревар на Баварците е против Ајнтрахт Франкфурт на 8 април, а потоа следат и битките во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови