Connect with us

Трајче Сенев е нов тренер на Кожуф

Македонскиот второлигаш Кожуф го именува Трајче Сенев за нов шеф на стручниот штаб, откако клубот се раздели со Ѓоре Јовановски. Се очекува промената на тренерската позиција да донесе позитивен шок кај тимот, кој имаше многу поголеми амбиции на почетокот на сезоната.

Кожуф се наоѓа на десеттата позиција по осум одиграни натпревари во Втората лига. Во минатото коло ја совлада Каменица Саса со 3-2.

Сенев треба да дебитира на следниот натпревар против Беса на гости.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови