Струга Трим Лум во еден од најинтересните натпревари од 14.коло во Првата фудбалска лига денеска (13 часот) го пречекува Работнички. Фљамур Таири верува дека стружани по триумфот над Пелистер можат да продолжат во исто темпо и на денешниот меч.
„Работнички е добро организиран тим. На овој натпревар влегуваме по победата против Пелистер на гости која ја крена нашата самодоверба. Работевме напорно овие две недели. Ќе дадеме се од себе да победиме и на овој натпревар. Дома сме многу силни и верувам дека на крајот ќе ја постигнеме нашата цел“.
Шкендија на домашен терен го пречекува Брегалница, а Академија Пандев ќе биде домаќин на Тиквеш. Лидерот Шкупи навидум има лесна задача против Пелистер, а Борец ќе ја пречека Ренова во Велес.
Вчера, Македонија ЃП го совлада Скопје на гости со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (13 ЧАСОТ)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – РЕНОВА
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА: СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski