Connect with us

Сонот заврши: Игуаин ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Легендарниот аргентински фудбалер Гонзало Игуаин ја заврши кариерата. Тој го одигра последниот меч во дресот на Интер Мајами, во поразот од Њујорк (3-0) во осминафиналето на плејофот од МЛС – лигата. Не можеше да ги совлада емоциите и заврши во солзи.


„Сонот заврши, сега почнува мојот втор живот. Заврши она што го сакав најмногу – да играм фудбал. Половина од животот, 17 години кариера се зад мене, тажно е, но истовремено сум и среќен зошто ме чека моето семејство со кое сега ќе минувам многу повеќе време“, изјави Игуаин.

Кариерата ја заврши на 34 години, а играше и за Ривер Плата, Реал Мадрид, Интер, Наполи, Јувентус, Челси и за Милан. За репрезентацијата на Аргентина одигра 75 меча и постигна 31 гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови