Connect with us

Синдрит Гури: Важна победа за Шкендија, моја работа е да давам голови

Актуелниот првак Шкендија оствари важен триумф (0-1) во градското дерби против Ренова и го искористи поразот на лидерот Шкупи за да ја намали негативата во однос на тимот од Чаир. Сепак, разликата е се уште огромни осум бода.

Синдрит Гури беше стрелец на победничкиот гол за Шкендија.

„Ова е многу важна победа за нас. Се радувам за постигнатиот гол, но тоа е всушност и мојата работа во овој тим на Шкендија. Сите заедно максимално придонесуваме за клупските победи. Верувам дека ќе продолжиме со успеси и по репрезентативната пауза“, истакнува напаѓачот на Шкендија.

Актуелниот првак оди на пауза со 21 освоен бод и е рангиран на петтата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови