Connect with us

Симеоне: Полесно е да се победи Барса кога веќе не игра Меси

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е оптимист во пресрет на вечерашното дерби против Барселона. „Душекчиите“ имаат можност да ја намалатат разликата од врвот на осум бода, но за ова мора да го победат тимот на Чави Хернандез.


Атлетико ги доби претходните два натпревари на домашен терен против Барса во Примера и Симеоне е задоволен што неговиот тим повеќе не мора да се соочува со Лионел Меси.
Аргентинската ѕвезда постигна вкупно 32 гола против Атлетико на 43 натпревари, а повеќе постигна само против Севиља.


„Меси е секогаш одлучувачка фигура, без разлика дали во националниот тим на Аргентина или во неговиот тим. Кога игра, неговиот тим има поголеми шанси за победа. Кога играв со Марадона, чувствував дека е речиси невозможно да се загуби. Секогаш е така ако е најдобриот во твојот тим“, изјави Симеоне.


Дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона се игра вечерва од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови