Connect with us

Шпанија згрозена од навредите кон Винисиус Жуниор

Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор е во одлична форма и на осумте одиграни натпревари досега постигна пет гола и забележа три асистенции.


Многу фанови и експерти посветуваат големо внимание на неговите фудбалски вештини и начинот на кој ги прославува постигнатите голови. Бразилецот често прославува со танцување, но не секој може да го прифати овој начин на славење.

Напаѓачот беше критикуван од претседателот на Здружението на шпански агенти, Педро Кастро.

„Ако постигнете гол и сакате да танцувате самба потоа, одете на Самбодром (платформа за танчери во Рио де Жанеиро). На теренот, мора да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, изјави тој во емисијата „El Chiringuito“ и предизвика голема бура.

Водителот на програмата, откако го слушна зборот „мајмун“, го прекина говорот на Кастро и, јасно, се згрози, велејќи му:

„Не можеш така да ги нарекуваш луѓето, немој да го правиш тоа повеќе“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови