Connect with us

Шкупи и Шкендија се фаворити против Тиквеш и Борец

Лидерот на табелата Шкупи е пред освојување на титулата, со оглед на убедливата бодовна предност на табелата. Но, тимот на Гоце Седлоски нема да се опушти до крајот, се додека и математички не го обезбеди трофејот.


На Чаир денеска (15 часот) пристигнува Тиквеш, а плејмејкерот Фреди Алварез најавува нов триумф.

„Мислам дека сме одлично подготвени, а паузата ја искористивме и да одиграме пријателски натпревар. Знам дека нема да биде лесно против тим како Тиквеш, но пред нашите навивачи на Чаир се чувствуваме посилни и верувам дека ќе ја продолжиме серијата позитивни резултати“, изјави Алварез.

Шкендија во Тетово ќе биде домаќин на Борец. Во тимот на Бруно Акраповиќ се враќа и капитенот Егзон Бејтулаи, а оптимизмот го пренесе левиот бек Михаил Маневски.

„На последните два натпревари остваривме две победи, но важно е што прикажавме и убедлива игра. По оваа двонеделна пауза, сигурно сакаме да продолжиме во исто темпо. Против Борец игравме во февруари на почетокот на пролетната сезона и победивме со 3-0. Во тимот владее добра атмосфера и верувам дека ќе го достигнеме нивото што го посакуваме и што навивачите го очекуваат од нас. Секако, нашата цел е победа на денешниот меч“, истакнува Маневски.

Академија Пандев исто така е голем фаворит на дуелот со Скопје во Струмица, а Брегалница на теренот на ФФМ ќе ја пречека Ренова поради реновирање на тревникот на Градскиот стадион во Штип.

Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека последнопласираниот Пелистер, а вчера Струга Трим Лум славеше против Работнички со 1-3.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО


ШКУПИ – ТИКВЕШ

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови